„Влен“ најави покренување на правосилни постапки за злоупотреби на службена положба за незаконски одлуки поврзани со игрите на среќа

Од:

Првиот вицепремиер и еден од лидерите на Коалицијата „Влен“, Изет Меџити денеска на прес-конференција најави покренување соодветни правосилни постапки за докажување на злоупотреби на службена положба и овластување на сите надлежни кои учествувале во донесување на незаконските одлуки поврзани со организирање различни видови на среќа.

-Благодарение на погрешните неодоговрни и коруптивни одлуки на министрите од ДУИ преку отворање на три нови компании за организирање на интернет игри на среќа, коцкањето преку мобилните уреди и компјутерите влезе во домовите и младината стана уште полесна цел на крајно девијантни појави. Затоа поднесовме барање за автентично толкување на член 7 од Законот за игри на среќа и за забавните игри за да добиеме прецизно толкување дали одлуката на претходната влада и раководството на Државната лотарија за интернет коцкање има законска основа. Автентичното толкување е изгласано од мнозинството пратеници и со него се предвидува дека интернет игри на среќи може да организираат само врз основа на важечка лиценца. Земајќи предвид дека сите компании кои во времето на Артан Груби и Бајрами учествуваа на јавен повик и беа избрани да организираат интернет коцкање немаат лиценци, тоа значи веднаш и без одлагање ја тргнуваме коцката како општествено зло од домовите на нашите граѓани, рече

Тој потенцира дека веќе работат на нов Закон за игрите на среќа и забавните игри, кој, како што рече, во разумен рок Владата да го прати на разгледување до Собранието. Според него, новиот закон, ќе содржи низа одредби со кои се сигурни дека, како што вели, бројот на постоечките објекти за коцкање ќе се намали минимум за половина.

-Во рамки на владејачката коалиција има политичка волја овој план да се спроведе во целост. Преминуваме на дела, рече Меџити.

Би можело да ве интересира

Во Собранието заврши амандманската расправа за предлог законот за игрите на среќа и за забавните игри

Сакам да работам очекува пратениците да го стопираат предлог законот за игри на среќа

Катерина Ѓуровски

АСОМ: Јавната расправа покажа, Законот за игри на среќа мора да се повлече и да се изработи одново

ВРЕДИ бара истрага за наводите поврзани со тендери за заштитни огради во времето на Ејуп Рустеми

ДУИ: Катастарот ја открива имотно-правната врска меѓу Висар Ганиу и Недим Рама, седум викенд-објекти на иста парцела

АПИС и АСОМ бараат јавна расправа за предлог Законот за игри на среќа

Катерина Ѓуровски