ВЛЕН: ДУИ се командува со далечинско од бегалецот Артан Груби

Од:

ДУИ е свесна дека има само еден начин да го избегне поразот: да ги бојкотира изборите и да провоцира тензии на денот на гласањето! Ова е нивната последна карта, бидејќи знаат дека Албанците веќе не им веруваат. Самиот Али Ахмети призна од Липково: ДУИ подготвува бојкот на локалните избори! Што покажува ова? Дека ДУИ нема ниту идеи, ниту програма, ниту нови луѓе – туку само страв од уценување, тврдат од ВЛЕН.

– Оваа партија, која две децении ги држеше Албанците како заложници со лаги и политички манипулации, денес е заробена од една врхушка потопена во корупција и паника. Сега не одлучуваат повеќе ниту нивното членството, ниту гласачите – ДУИ се командува со далечинско од бегалецот Артан Груби. Тие што некогаш се фалеа дека не се плашат ниту од бомбите од 2001 година, денес се сведени на тоа да им се тресат колената од политичките бомби на Артан Груби! Дали Артан Груби е авторот на сценариото за бојкот на локалните избори? Со што Артан Груби го држи ова раководство на ДУИ во заложништво? Албанците треба да ја знаат вистината! Времето на ДУИ заврши – никој нема да ги спаси од казната на народот, велат од ВЛЕН.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Огномет, факели и еуфорија за Артан Груби кој излезе од домашен притвор

Левица: Груби излегува од куќен притвор – дилот меѓу ДПМНЕ и ДУИ за „Бехтел и Енка” си тече!

Заврши куќниот притвор на Артан Груби

Катерина Ѓуровски

ВЛЕН: Шестмина полицајци се суспендирани, никој не може да избега од одговорност!

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски