Влен: Бујар Османи како Претседавач со ОБСЕ беше на српска страна, против интересите на Косово

Од:

Демократската унија за интеграција и нејзиниот лидер Али Ахмети се обидуваат да го претстават мандатот на Бујар Османи како Претседавач со ОБСЕ како голема дипломатска победа. Но, вистината е сосема поинаква. За време на неговото претседателство со ОБСЕ, Бујар Османи повеќепати застана на позиции кои директно му одговараа на Белград, а беа штетни за Косово, нашиот најблизок и најважен партнер во регионот. Наместо да ги брани принципите на правдата и самоопределувањето, Османи ја следеше линијата на српската дипломатија, избегнувајќи да заземе јасен и недвосмислен став против агресивната политика на Србија кон Косово.

Под превезот на „деескалација“, Османи предлагаше решенија кои директно го подриваа државниот суверенитет на Косово, го негираа демократскиот избор на граѓаните и отвараа простор за создавање на паралелни структури, спротивно на уставниот поредок на Косово.

Најпроблематични точки од дејствување на Бујар Османи кон Косово се: Повикување на оставки на легитимно избрани градоначалници, што претставува опасен преседан со кој се казнува демократскиот процес само затоа што резултатите не и одговараат на Србија. Условување на Косово да ги повлече безбедносните сили од сопствена територија, додека за Србија се бараше само симболично „намалување на борбената готовност“, што го нарушува принципот на еднаквост и суверено делување.
Наметнување на ОБСЕ како посредник во изборните процеси, иако Косово е независна и функционална држава со сопствени институции и изборен механизам. И додека Косово бараше поддршка за членство во меѓународните организации и за спречување на дестабилизирачките потези на Србија на северот на земјата, ОБСЕ под водство на Османи често молчеше или испраќаше млаки пораки, кои Белград ги толкуваше како зелено светло за продолжување на провокациите.

Денес, Али Ахмети го нарекува тоа „жртва“ и „успех“. За Влен, тоа е пример за дипломатска потчинетост, во која личните и партиските интереси на ДУИ беа пред Косово, Албанците и регионалната стабилност. Време е граѓаните да знаат дека зад блескавите говори и фотографиите со туѓи лидери, се крие мандат кој ја зацврсти позицијата на Србија во меѓународните форуми и ја ослаби борбата на Косово за целосно меѓународно признавање. Влен ќе продолжи да се залага за јасна, принципиелна и доследна надворешна политика, секогаш на страната на правдата, слободата и Косово, велат од Влен.

Би можело да ве интересира

Влен: „Српскиот свет” го носи печатот на ДУИ

Мицкоски ја враќа земјата 30 години нaзад со дискриминација и мајоризација, реагира ДУИ

ВРЕДИ: Бујар Османи да одговори каде завршија 120 милиони денари народни пари

А1он

ВРЕДИ: Бујар Османи, што криеш штом нема документи каде си потрошил над 120 милиони денари?

А1он

Меџити: Доктор Мухамед Муртези ќе биде носител на советничката листа на ВРЕДИ за Општина Чаир

ДУИ: Македонија ја пречека светската дипломатија и реализираше настан кој ќе остане запаметен како дипломатски и организациски триумф