Влегле со фантомки, изрешетани жртвите, два куршуми завршиле во повредениот, запалено возилото со кое избегале

Од:

Едно лице со две прострелни рани е донесено вечерва во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ каде му е укажана помош и е пуштено на домашно лекување.

– Вечерва околу 20.15 часот со приватно возило е донесено лице на преглед во нашата клиника. Констатирана е прострелна рана на левото стопало и уште една поголема рана на десната потколеница. Раните се обработени, направени се потребните снимања, преврзани се и е поставена имобилизиција, по што лицето е пуштено на домашно лекување, односно не е задржано, изјавија од Градската болница.

Како што посочија, досега е донесено само едно лице во оваа клиника, иако според информациите до кои дојде А1он од очевидци во пукањето имало најмалку седум повредени, дел со полесни, дел со потешки повреди.

Како што потврди МВР во престрелката вечерва две лица се убиени, а еден повреден е пренесен во болница со прострелни рани.

„На 06.03.2023 во 20.11 часот во СВР Скопје пријавено е дека во угостителски објект во Скопје неколку лица пукале кон Ј. К. и Е.И., кои починале на лице место, и кон А.Т., кој е пренесен во болница за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“ се вели во првичното соопштение од МВР

Местото го обезбедуваат неколку полициски екипи и пристапот е ограничен, во тек е увид.

Како што веќе објави А1он, очевидци на инцидентот тврдат дека убиените се две лица добро познати на криминалното подземје. Се работи за Јетон Кривањева – Жила кој  се поврзува со мафијата од Грчец и и Енес Исеинов викан Лаци.

Дали се работи за криминална пресметка допрва ќе се утврдува. Убиството се случило пред сведоци кои биле присутни во кафе барот, но и луѓето во околните локали во чаршијата.

Четворица напаѓачи влегле во локалот со фантомки, се претставиле како полиција, се качиле на вториот кат од објектот каде биле жртвите но и неколку други лица и стрелале кон нив.

Неофицијално, по пукањето осомничените избегале во возило „Ауди А6“ и се упатиле кон скопската населба Шуто оризари каде на улица „Вашингтонска“ го запалиле автомобилот. Возилото имало фалсификувана регистарска табличка со број „SK8870BC“.

Потврда за опожарено возило има и од противпожарната бригада, но засега нема официјална потврда од МВР дека овие два настани се поврзани.

Би можело да ве интересира

Возач од Македонија имал мозочен удар во Унгарија, денеска е пренесен во Скопје со медицинскиот хеликоптер

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Обвинителството чека извештај за претресите во Идризово, официјална потврда за ископаните тунели се уште нема

МВР: Три кривични пријави за полицаец од Крушево

Загина велосипедист, уапсен возачот на камионот кој го удрил

Мароканец украл камион, полицијата го фати кај Лојане