Власите го одбележуваат Националниот ден 23 Мај

Од:

Власите како една автохтона популација беа, се и ќе бидат фактор на стабилност. Денешниот ден е историски за Власите, рече претседателот на Партијата на Власите од Македонија, Мите Костов Папули во обраќањето пред присутните на свечената академија што се одржа денеска по повод 23 Мај, Националниот ден на Власите.

Република Македонија е единствената држава во светот која со Устав ги призна Власите како посебен народ, а од 8 февруари 2007 година 23 Мај се слави како Националниот ден на Власите. На 23 мај 1095 година турскиот султан Абдул Хамид Втори со посебен документ „irade“ првпат ги призна Власите како посебен народ, со право на образование на свој мајчин јазик, во црквите да се одржува богослужба на влашки јазик, да се печатат учебници и други литература итн.

– Власите активно учествуваа и во создавањето на Крушевската Република. Сплотени да го зачуваме јазикот, културата, традициите и сите придобивки на една демократија, а тоа во Република Македонија ние го имаме, рече Костов Папули.

Ѓорги Георгиев, член на Организацискиот одбор за прославување на Националниот ден на Власите рече дека покрај академијата сите здруженија и политички партии организираат манифестации.

– Можеме свечено и гордо да се чувствуваме. На овој ден ги сумблимираме сите наши активности во текот на годината за да видиме дали во целост се реализирани, не само правото на одбележување на Националниот ден, туку правото на школување, одржување литургија на влашки јазик во црквите, културата, традициите, обичаите, посочи Георгиев.

Како задача што ни останува во иднина, укажа тој, е да се даде поголем акцент на зголемувањето на заштитата на правата на влашката заедница во Македонија.

– Имаме своја редакција при Македонската телевизија. Но, никако да се реализира правото програмата на влашки јазик да се емитува во друг термин наместо во 14:20 часот и почесто. Може да се пофалиме дека имаме три учебници за деветолетка, но треба да има и други предмети, како и историја, запознавање на околината и тие да бидат на мајчин јазик. Сите права кои ги немаме постигнато остануваат како задача во иднина, додаде Георгиев.

На свечената академија присуствуваа претставници на Парламентот, Владата, пратеници, министри, амбасадори.

Би можело да ве интересира

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска

Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска