Привршуваат подготовките за претстојниот христијански празник Богојавление на кој се осветуваат на водите на Црн Дрим во Струга.
Заинтересирани има многу. Во секој случај, пријавувањето е отворено за сите и добредојдени се сите кои се имаат волја и желба да учествуваат на самиот чин, вели ѓаконот Голабоски.
Традиционално, утрото на Богојавление ќе има богослужба во Црквата „Свети Ѓорѓија“ во Струга, а потоа следува литијата од црквата до мостот во Струга од каде во присуство на владиката на Дебарско-кичевската епархија Тимотеј во 11:00 часот со фрлањето на крстот ќе бидат осветени водите на реката Дрим.
Околу организирање на дополнитеона културно- уметничка програма од Црквата „Свети Ѓорѓија“ во Струга појаснуваат дека самиот чин на осветувањето на водите е доволно возвишен, духовен и идеолошки, бидејќи опишува една поголема случка од историјата на христијанството- Богојавувањето.