(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ гласаше против продолжување на мандатот на СЈО

Од:

Со 52 гласа против и 42 гласа за, владејачкото мнозинство ги оспори измените за заштитени сведоци кои беа побарани од Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Претходно, со 36 гласа за и 54 гласа против, тие ги оспорија и измените на законот за СЈО, со што гласаа против продолжување на мандатот на обвинителството.

Според Петре Шилегов од СДСМ, кој ги образложуваше барањата за измените во законите, власта не сака да се донесат овие измени.

– Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не сака да се дознае кој го вршел незаконското прислушување во Македонија, рече Шилегов.

По ставот на Катица Јанева дека поради трпење на мобинг ќе се врати во Собранието единствено на пленарна седница, Илија Димовски на прес конференција и даде ултиматум на Специјалната јавна обвинителка ако не се појави на комисијата за политички систем, тие нема да ги гласаат бараните измени во законите.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште

Собраниска комисија нема да расправа за гасните централи и соларните паркови

A1on

(ВИДЕО) Возачките со старото име ќе важат до крајот на оваа година: Политичките партии постигнаа консензус

A1on

Алиу не поднесе оставка – побара уште утре да се расправа за законите

Анита Петровска Рајковиќ