Во новиот Буџет Владата успеа да обезбеди средства за исплата на една плата за вработените во ОХИС, која треба да ја добијат за два-три дена.
Одлуката, која е донесена на вчерашната владина седница, ја соопшти денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
Тој посочи дека на седницата станало збор и за долгорочно решавање на проблемот со ОХИС.
– Во однос на дорлгорочното решение за ОХИС сите промотори и сите министри за привлекување инвестиции се задолжени прилично интензивно да работат на прашањето на изнаоѓање стратешки партнер за ОХИС и на контактирање на сите потенцијални инвеститори. Тоа ќе го правиме во наредниот период до објавувањето на јавната објава и се надеваме дека ќе биде успешна, рече Ставрески кој денеска имаше средба со претставници од Мотоциклистичката федерација на Македонија по повод намалување на цената на зелениот картон за мотоцикли.