Владата нскоро ќе го прати во Собрание законот со кој лица од црната листа на САД ќе имаат реперкусии и во Македонија

Од:

Владата ќе го гласа законот со кој лицата ставени на црната листа на Соединетите американски држави ќе имаат реперкусии во Македонија и нема да може да се занимаваат со политика и веднаш ќе го испрати во Собранието. Премиерот Димитар Ковачевски вели дека тој би можел да се најде на денешната владина седница, но доколку не е финализиран, законот ќе се гласа веднаш откако ќе биде целосно подготвен од сите министри кои се инволвирани во неговото носење.

„На Законот се работеше интензивно изминатите денови. Законот е финализиран, веројатно можеби некои од вклучените министри и нивните служби треба да дадат забелешки, но ако е финализиран, тој ќе биде денес на влада, ако не на друга седница, меѓутоа тој закон ќе оди“, рече Ковачевски.

Измените, според него, ќе овозможат да бидат вклучени лица, носители на јавни функции, а ќе се отвори простор, доказите на САД да бидат претставени и пред соодветните институции во Македонија.

„Сите сакаме од сабајле да бидеме најголеми американци, ама попладне ако може се тоа што прават, да не важи тука. Членството во НАТО не значи само ставање на знаме пред институциите, тоа значи воведување стандарди и отчетност, поголемо владеење на право“, вели Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

Укинати американските санкции на Додик и соработниците: Му благодарам на Трамп, голема неправда е исправена

Предраг Петровиќ

Унгарија формира „сојуз на скептици“ кон Украина

Како малиот бизнис „Сакаш“ преку Wolt го забрза својот развој

Предраг Петровиќ

Јапонија и САД потпишаа договор за обезбедување резерви за ретки минерали

ISW: Кремљ се обидува да ја искористи посетата на Кирил Дмитриев на САД за ширење пропаганда