Здравство ќе постави и ќе опреми 16 мали Ковид-одделенија со пари од Светска банка

Од:

Заемот од Светската банка кој ѝ беше одобрен на Македонија е т.н. брз заем, кој го добиле близу 100 земји во светот и е наменет за зајакнување на здравствените системи во секоја од нив, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Станува збор за околу 34 милиони долари, за нив е изработен план и меѓу другото ќе се искористат за поставување на мобилните 16 мини КОВИД одделенија во сите болници каде што е идентификувана потреба, како и за опремување со медицинска опрема на секој од овие КОВИД центри со мобилен рендген апарат, ЕХО-апарати и за соодветен број на тестови.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со заемот од Светска банка, Филипче ддоаде дека за оваа година се предвидени десет милиони долари, за кои вели дека сепак нема сите да бидат потрошени, бидејќи целата постапка доцнела.

За следната година со тие средства е предвидено опремување на неколку постојни болници, кои се соочуваат со недостиг од опрема, а во кои има услови за интензивна нега, како што се болниците во Тетово, Охрид и во Струмица.

-Ќе се обезбедат и лекови за цела 2021 година, сите лекови, кои сега ги имаме преку Студијата од СЗО, помошта од Јапонија, понатаму сите лекови коишто се даваат за овие најтешки пациенти, но и за соодветен број тестови за територијата на цела држава, а сума на пари ќе оди за поддршка за ФЗОМ и ќе се дистрибуира еднакво до сите јавно здравствени установи, појаснува министерот за здравство.

Истакна дека проект бил подготвен уште на почетокот на летото, но како што рече, тогаш не бил потпишан од заменичката-министерка за финансии. -Тој подразбира конкретно зајакнување на системот за етаблирање на нови КОВИД-центри со опремување, понатаму зајакнување на постојните капацитети со опрема, лекови и се што значи поддршка на персоналот, секако поддршка на ФЗОМ. Останатиот дел од заемот е за МТСП, сумираше Филипче.

Тој истакна дека нема препорака во ниту една здравствена установа за правење серолошки тест, пред да се прави ПЦР тест.

– Серолошките тестови опфаќаат некој друг пристап, анализа на преваленцата на антитела во населението итн. Никако не е индикација, ниту пак ние сме дале од Министерството, ниту пак Комисијата дала таква препорака, подвлече Филипче.

Во однос на алгоритмите, кои ги користат матичните лекари за упатување за тестирање, рече дека засега нема потреба од нивна промена и дека се соодветни за овој временски период.Вла

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска