(ВИДЕО) Заев до Усеини: Апелирам сам да си ја урнеш дивоградбата

Од:

Премиерот Зоран Заев најави одземање на надлежностите на Општина Охрид, доколку градоналаникот Константин Георгиевски не постапува и не ги урне дивоградбите на Усеини, но и останатите 1076 кои се евидентирани во регистарот на дивоградби.

„Дивограбите треба да се срушат, екстра причина е УНЕСКО. Разговорав со градоначалникот на Охрид, треба да се постапи по закон. Ако не се постапи најавувам оземање на надлежностите, како што сум најавил за Мерко. Апелирам до сите граѓани , па и до Нефи да си ги отстранат дивограбните, затоа што грашаните реагираат и заради УНЕСКО. Ако не постапи локалната власт, многу брзо извршната власт ќе покаже што значи владеење на правото“, рече Заев.

Инаку, Нефи Усеини е советник во Општината Охрид, а истовремено и сопственик на две дивоградби во Охрид. Пицеријата кај Чинарот и бетонската база на стариот пат Охрид-Струга се изградени без никаква документација од надлежните органи. Објектот кај Чинарот освен што нема одобрение за градба, истиот е изграден на државно земјиште.

Би можело да ве интересира

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски

Во 2025 година никнале 911 дивоградби

Катерина Ѓуровски

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид

Министерство за транспорт: Инспекторатот ќе отстрани нелегален објект во старото градско јадро на Охрид