Владата ќе дели ваучари од 6000 денари за летување во домашните туристички објекти

Од:

Владата смета дека туризмот е една од најпогодените гранки од корона кризата и во третиот пакет економски мерки вклучува поддршка за оваа гранка со тоа што ќе дели ваучари во висина од 6000 денари за летување. Ваучарите ќе бидат наменети за граѓани кои имаат приходи до 15.000 денари месечно или според податоците од Управата за јавни приходи во периодот од јануари до април 2020 година не оствариле приходи поголеми од 60.000 денари.

„Со цел поттикнување на домашната потрошувачка и поддршка на домашниот туристичко-угостителски сектор, предвидена е мерка наменета за сите вработени граѓани кои имаат приходи до 15.000 денари месечно или според податоците од Управата за јавни приходи во периодот од јануари до април 2020 година не оствариле приходи поголеми од 60.000 денари.Оваа категорија на граѓани ќе добијат ваучер од 6.000 денари кој ќе можат да го искористат во домашните туристички објекти, во период од 15 јули до 15 декември 2020 година“, соопштуваат од СДСМ.

Според постапката за добивање на ваучер, УЈП ги доставува податоците за граѓаните кои ги исполнуваат условите за оваа мерка, а потоа на истите преку електронска пошта им се доставува ваучер со код во вредност од 6.000 денари и упатство за користење на истиот.

Со оваа мерка е предвидено да бидат опфатени над 130.000 граѓани, а буџетот кој го има на располагање Министерството за економија за поддршка на туризмот е вкупно 10 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски