Бројот на туристи во Грција зголемен за 38 отсто во споредба со лани

Од:

Туристичкиот сектор во Грција продолжува да бележи значителен раст, покажувајќи отпорност на зголемените геополитички тензии на Блискиот Исток кои влијаеја врз туристичките текови во поширокиот медитерански регион.

Според официјалните податоци на Грчката банка, во првиот квартал од 2026 година земјата ја посетиле 3,4 милиони туристи, што претставува зголемување од 38,3 проценти во споредба со истиот период минатата година, објави весникот „Катимерини“.
Уште поизразен раст е забележан кај приходите од туризмот, кои достигнале 1,67 милијарди евра, што е за 64,3 проценти повеќе во однос на првиот квартал од 2025 година.

Позитивните резултати доаѓаат по рекордната туристичка сезона во 2025 година, и покрај стравувањата дека нестабилноста во регионот би можела негативно да влијае врз меѓународниот туризам.

Аналитичарите оценуваат дека најновите показатели дополнително ги зајакнуваат очекувањата оти Грција ќе има уште една успешна туристичка сезона и во текот на оваа година.

Би можело да ве интересира

Тепачка за лежалка на плажа во Грција – почина 82 годишник

А1он

За смртта на грчкиот пејач Мазонакис двајца лекари обвинети за убиство со евентуална умисла

А1он

Затвореник избега од болница во Грција

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Грција: Загинаа двајцата пилоти на воениот авион што се урна за време на аеромитингот

(ВИДЕО) Се урна грчки воен авион, засега нема информации за евентуални жртви