Владата ја прифати оставката од директорот на ФЗО, Ден Дончев

Од:

Владата му ја прифати оставката на директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев, за која како што велат, била поднесена од приватни и семејни причини. Дончев не сакаше да каже кои се точните приватни причини, но кажа дека е поврзано и со здравствена состојбата на негов член на семејството.

„На денешната 49-та седница, Владата ја прифати оставката на Даниел Дончев од позицијата директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, поради приватни и семејни причини, како што е наведено во текстот на оставката“, информираа од Владата.

Дончев претходно кажа дека оставката сакал да ја поднесе и порано. Тој е именуван за директор на ФЗО во август 2017 година. Претходно беше носител на листа во првата изборна единица од коалицијата „ВМРО за Македонија“. Дел од неговата биографија е и дека бил генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, но и поранешен директор на „Телеком“.

Би можело да ве интересира

ФЗО: 237 барања за четврти, петти и шести обид за ин витро во првата година од законските измени

А1он

ДПМНЕ ќе менува закон за да може Перински со диплома од фискултурно да управува со ФЗО, тврди Левица

A1on

Ревизијата откри низа пропусти во ФЗО – доцнат реформи, контролите се недоволни

Горан Наумовски

Левица: Алиу и Клековски ги поскапеа „Фостер” и „Мифортик”, а заборавија да ги набават замените на сметка на Фондот

А1он

ФЗО: Системот се соочува со поголем обем на пациенти, но капацитетите се зајакнуваат

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР