Директорот на ФЗО поднесе оставка: Имав намера ова да го направам и порано

Од:

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев, по три години раководење со институцијата, поднесе оставка до Владата, која на денешната седница треба да ја прифати или отфрли. Дончев за „А1он“ вели дека планирал тоа да го направи и порано, а на прашањето зошто дава оставка во сред пандемија, вели „Излегуваме од пандемијата“.

„Имав намера и порано да го направам ова. Излегуваме од пандемијата. Близок член на семејството има проблеми со здравјето, а тоа една од причините зошто сакам да ја напуштам оваа функција, односно одлуката која ја донесов е поради семејни и здравствени причини. Веќе имам кажано дека овој чекор сакав да го направам и порано. Не знам дали одлуката поминала на Влада, чекам известување“, вели Дончев за „А1он“.

Дончев е именуван за директор на ФЗО во август 2017 година. Претходно беше носител на листа во првата изборна единица од коалицијата „ВМРО за Македонија“. Дел од неговата биографија е и дека бил генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, но и поранешен директор на „Телеком“.

Би можело да ве интересира

Конзилијарно мислење без наведување на интервенцијата што му е потребна на Леонид Индов, според ФЗОРСМ остава простор за шпекулации

Горан Наумовски

ФЗО: Барањето за Леонид Индов се одби како неосновано зошто не се работи за упатување на лекување во странство

Платите на вработените во ФЗО остануваат исти до мај

Пациентите оставени на цедило: Фондот ги намали операциите на срце во приватните клиники

Орце Костов

Синдикат на УПОЗ: Се поизвесно е дека вработените во ФЗО ќе стапат во генерален штрајк

Антикорупциска ќе ја информира Владата за непостапување на УО на ФЗО по нејзин заклучок