Владата ја поништи паричната казна која Чулев ја прифати за советникот кој нападна началник

Од:

Владата на седница го поништи дисциплинското решение со кое му беше намалена платата на Зоран Ѓорѓиевски, советник на ексминистерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, како казна поради нападот на началник во СВР Тетово. Неофицијално, решението е поништено бидејќи е донесено во изборен период, кога, дисциплинските постапки не можат да резултираат со откази од работно место, иако, на советникот на Чулев за физичкиот и вербален напад му се заканувала и таква казна. Сега, МВР ќе треба да спроведе нова дисциплинска постапка, со променета комисија и да одлучи како ќе го казни државниот советник.

На советникот Ѓорѓиевски дисциплинската мерка му беше изречена и прифатена, два дена пред министерот Чулев да замине од министерската фотелја во МВР. Чулев преку статус на социјалните мрежи посочи дека прифатил неговиот советник да се казни со најстрога мерка, без да посочи која е таа. „А1он“ објави дека казната за нападите од Ѓорѓиевски е намалување на неговата плата шест месеци по 15 отсто, мерка која не е една од најстрогите која може да ја изрече дисциплинската комисија, бидејќи претходно на ваков начин биле казнувани вработени во МВР кои имале сторено и помали прекршоци со кои го загрозиле угледот на институцијата, како на пример објави на социјални мрежи.

За решението прифатено од Чулев, реагираше дополнителната заменик-министерка Славјанка Петровска која казната ја нарече скандалозна бидејќи на ваков начин Ѓорѓиевски е амнестиран.

Инаку, инцидентот кој се случи на изборниот ден во Тетово, започна со вербална расправија, па продолжи со физичка пресметка, која се гледа и од објавените видео снимки. Освен физичкиот напад, во снимка до која дојде „А1он“ од инцидентот меѓу Зоран Ѓорѓиевски, советник во Кабинетот на техничкиот минситер Наќе Чулев, и началникот на Единицата за безбедност во сообраќај во СВР Тетово, Зоран Талев, се слушаат вербални закани, навреди и пцости од советникот на Чулев кога го напаѓа командирот.

Советникот Ѓорѓиевски ѝ е познат на јавноста и по инцидентот кој го предизвика кога во Македонија беше воведен полициски час. Тогаш, тој се закануваше на полициски службеник кој го сопре на контрола и му побара дозвола за движење. Тогаш, Ѓорѓиевски спротивно на своите овластувања, му издаваше и наредби на службеникот, посочувајќи му дека ако не го послуша, ќе трпи последици.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) 12 граѓани ги фотографирале гласачките ливчиња, шест пријави за нудење на поткуп – Министерот Тошковски за изборниот ден

Анита Петровска Рајковиќ

МВР: Нови случаи на фотографирање и кинење на гласачко ливче

Горан Наумовски

МВР: Петмина гласачи си ги фотографирале гласачките ливчиња

Горан Наумовски

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Лични документи можат да се подигнат и в среда на денот на изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Бојмацалиев: Одделенијата за внатрешни работи во Кочани и Берово подготвени за претстојниот Изборен процес