Петровска за казната на советникот на Чулев: Постапката можеше да резултира со отказ, таа не смее да се води во изборен процес

Од:

Решението за Зоран Ѓорѓиевски, советник на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев со кое му е изречена дисциплинска мерка пониска плата поради нападот на началник од СВР Тетово, за дополнителната заменик-министерка Славјанка Петровска е скандалозно. Таа смета дека дисциплинската постапка против советникот Ѓорѓиевски можела да резултира и со отказ, кој пак, не смеел да се изрече поради изборниот процес.

Скандалозното решение со кое Наќе Чулев го амнестираше својот советник е спротивно на Изборниот законик, член 8 а во кој…

Posted by Slavjanka Petrovska on Петок, 24 јули 2020

„Скандалозното решение со кое Наќе Чулев го амнестираше својот советник е спротивно на Изборниот законик, член 8 а во кој се вели дека од денот на распишување до денот на завршување на изборниот процес не смее да се започне со постапка престанок на работен однос. Со оглед на тоа дека во случајов е сторено кривично дело за кое е поднесена кривична пријава и дисциплинската постапка може да резултира со отказ, таа не смеела да биде започната. Какви советници, такви одлуки“, реагира Петровска на социјалните мрежи.

Одлуката за изречената дисциплинска мерка против Ѓорѓиевски е донесена денеска, а прифатена од министерот Чулев, чиј Кабинет не прецизираше со каква мерка е казнет советникот, туку само посочи дека е најстрога казна. „А1он“ се обиде да исконтактира со министерот за да праша дали советникот ќе биде деградиран од работната позиција за едно ниво пониско, или пак, е избркан од работа поради неговото однесување, но тој не одговори на нашите повици. Овие две мерки се едни од најстрогите кои може да ги донесе комисијата, која е составена од членови по предлог на министерот Чулев, по неговото назначување на функцијата.

Според извори од МВР, советникот Ѓорѓиевски за нападот на началникот заработил само намалување на неговата плата шест месеци по 15 отсто, а со тоа, постапката против него е затворена и тој ќе остане на позицијата државен советник и во кабинетот на министерот кој ќе биде назначен во новата влада. Оваа мерка не е една од најстрогите кои може да ги донесе комисијата, како што вели Кабинетот на Чулев. Со ваква казна, претходно биле казнувани вработени во МВР кои имале сторено и помали прекршоци со кои го загрозиле угледот на институцијата, како на пример објави на социјални мрежи.

Инаку, инцидентот кој се случи на изборниот ден во Тетово, започна со вербална расправија, па продолжи со физичка пресметка, која се гледа и од објавените видео снимки. Освен физичкиот напад, во снимка до која дојде „А1он“ од инцидентот меѓу Зоран Ѓорѓиевски, советник во Кабинетот на техничкиот минситер Наќе Чулев, и началникот на Единицата за безбедност во сообраќај во СВР Тетово, Зоран Талев, се слушаат вербални закани, навреди и пцости од советникот на Чулев кога го напаѓа командирот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) 12 граѓани ги фотографирале гласачките ливчиња, шест пријави за нудење на поткуп – Министерот Тошковски за изборниот ден

Анита Петровска Рајковиќ

МВР: Нови случаи на фотографирање и кинење на гласачко ливче

Горан Наумовски

МВР: Петмина гласачи си ги фотографирале гласачките ливчиња

Горан Наумовски

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Лични документи можат да се подигнат и в среда на денот на изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Бојмацалиев: Одделенијата за внатрешни работи во Кочани и Берово подготвени за претстојниот Изборен процес