Владата и граѓаните заеднички за поскора ЕУ и НАТО интеграција

Од:

Владата и граѓаните заеднички работат за поскора ЕУ и НАТО интеграција, е заклучокот од денешната средба на премиерот Зоран Заев со претставниците на граѓанската организација Евротинк – Центар за европски стратегии Љупчо Петковски и Андреја Стојковски, која 15 години работи на промоција и остварување на членството на Македонија во ЕУ.

– Постојат многу можности за подобра соработка меѓу Владата и граѓанското општество кои ќе го зголемат капацитетот на институциите за искористување на ЕУ фондовите, како и знаењата и податоците до кои доаѓаат граѓанските организации при нивните истражувања, а се крајно корисни за државата. Владата останува отворена за сугестии, конкретни предлози и секојдневна соработка при остварување на врвниот приоритет – подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и целосна интеграција во ЕУ и НАТО, соопшти владината прес-служба.

На средбата премиерот Заев ги запозна претставниците на Евротинк со чекорите на владата при спроведувањето на Планот 3-6-9 и ја нагласи целосната посветеност кон реформите неопходни за забрзување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ.

– Со сите сознанија за објективните пречки и наметнатиот проблем кој го има нашиот јужен сосед со нашето уставно име, премиерот Заев изрази мислење дека ние треба да пронајдеме внатрешна сила за промени и реформи за да имаме аргументи пред нашите соседи и партнери во ЕУ и НАТО за откочување на процесите, стои во соопштението од Владата.

Од Евротинк го запознаа премиерот Заев со истражувањата, анализите и можностите за соработка кои оваа организација ги нуди на Владата во областа на европските интеграции и искористувањето на ЕУ фондовите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

(ВИДЕО) И „вмровците“ и „сдсмовците“ ја сметаат Бугарија за најголема закана, а Србија е најголем пријател за граѓаните

Орце Костов

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска