Владата го објави предлогот на француското претседателство

Од:

Македонската влада денеска на официјалната веб страна интегрално го објави предлогот на француското претседателство.

Предлогот во кој се вградени забелешките на Владата од денеска е достапен за јавноста и ставен на широка консултација која започна утрово со состанок на претседателот на Владата, Димитар Ковачевски со членовите на владината коалиција.

Дополнително, ќе се одржат консултации со експертската и стручната јавност, како и со медиумите, со цел процесот да се одвива транспарентно и јавноста да биде запознаена со сите следни чекори. Предлогот е стигнат по владината интервенција во Брисел и реакцијата на драфт документите кои јавноста имаше прилика да ги издискутира минатата недела.

„Официјалните ставови ќе бидат соопштени откако предлогот ќе ги помине филтрите на сите засегнати институции. Ќе следи широк консултативен процес со владината коалиција, а потоа и со Претседателот на државата, со Парламентот и со опозицијата, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупна јавност во земјата. Сакам да повторам и да ги уверам граѓаните дека ние имаме план и стратегија која очигледно дава резултат. Затоа апелирам до сите политички актери и до медиумите да се воздржат од шпекулации и да се потпираат на официјалните информации од институциите”, рече Ковачевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница