Влада: Најостро го осудуваме нападот врз новинарите, да се откријат и казнат сторителите

Од:

Владата на Република Северна Македонија најостро го осудува нападот врз новинарите што минатата ноќ се случил во Скопје, и овие инциденти ги оценува како неприфатливи и недозволиви.

„Поаѓајќи од својот деклариран став за нула толеранција за какви било напади, закани, уцени или притисоци, Владата на Северна Македонија укажува дека секој напад врз медиумските претставници, физички или вербален, треба да биде најостро осуден и санкциониран, и во таа насока ги повикува институциите итно да ги преземат сите неопходни мерки да се откријат и казнат сторителите.

Во оваа прилика, покрај она што го прави Владата во врска со обезбедувањето на демократските услови за почитување на слободите, уште еднаш апелираме и сите останати засегнати, обвинителството и судовите, како и организациите од граѓанскиот сектор, да алармираат и постапуваат за секој напад или закана против медиумските работници.

Владата на Северна Македонија, како и досега, ќе се залага сите регистрирани попречувања на работата и напади врз новинарите и медиумските работници да бидат институционално расчистени“, се вели во соопштението на Владата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски