Да пишуваш или зборуваш,за или против владата овие 6 години и не претставува баш некој голем проблем, секогаш владата со своите политики потези, кампањи, давала доволно идеи за да те инспирираат да напишеш нешто во подржувачки или напаѓачки контекст.
Ова мое првенче да пишувам вакво нешто за проблем кој го среќаваме и е секојдневие на секој македонски граганин ке го крстам реално осврнување на проблемот export-import na македонски грагани со поголем процент на export отколку на import.
Moже ли владата да “увезува и извезува”? Нели тоа е работа само на фирмите кои се регистрирани за таква дејност?
Последниот период многу актуелна е темата “зошто, колку и каде” се иселуваат нашите соседи, пријатели, роднини.А богами и пописот беше неуспешен, се прашувам зошто ? Се иселуваат од нашата Македонија која сите ја нарекуваат мила, ама сепак без размислување, ако можат веднаш ја напуштаат.
Tема, каде што многу излегоа со анализи, текстови, истражувања но многу малку со решенија, па добро решенијата треба да ги пронаога и спроведува владата и затоа овој текст е крстен “Влада на РМ export-import”.
Проблем кој многу брзо треба да биде решен, или прашање кое во најбрз можен рок треба да добие одговор, и баш од тие што ја водат државата последниве години,тие што се директно инволвирани во креирирањето на државната па и локалната политика и се најмногу повикани да одговорат, зошто нашата држава се повеќе ја напуштаат нејзините граѓани.
Дали владата е директно одговорна што околу половина милион македонски граѓани се веќе иселени од државата? Не обрнувајки внимание дека поголемиот дел од нив се млади високо образовани луѓе, во најзрелите години од својот живот!
Фактот што во Македонија се помалку има жители ми дава право да се сомневам дека на оние што ја водат државата им одговара младиот образован кадар своето место под небото да си го побара во друга држава, најверојатно водени од идејата “раздели па владеј” или “прост народ силна држава” !
Дали владата со нерегистрирање на оваа негативна појава индиректно ја одобрува и врши “извоз” на граѓаните? Но нели кога извезуваш нешто мора да имаш и повратен ефект да добиеш нешто назад!
Дали добивката е дупката во изборните списоци и лесно манипулирање со гласовите, можеби некој си има замислена и договорена демографска поделеност во сооднос 50-50 или пак можеби еден вид субвенција за формирање на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во дијаспората и така за пратеник од дијаспората се потребни најмал број на гласови?
Владата во своите отчети не заборава никогаш да ги спомне и отварањето на нови работни места, намалувањето на невработеноста и добрата бизнис клима за кои се само тие директно заслужни. Но дали читаат, или читаат ама не сфакаат дека најголемата причина за емиграцијата е недоволниот број на нови работни места, нискиот животен стандард и дека стабилноста на Македонија на подолг рок е знак прашање?
Патиштата во источна Македонија се пусти, да ти се случи нешто кој знае кога ке помине некој за да ти помогне, а и кој би возел на патишта со повеќе дупки отколку сообраќајни знаци?
Мое мислење е дека доколку сакаме да се развиваме успешно како држава, мораме овие аномалии да ги отстраниме но и да работиме на нив. Македонија мора да се развива европски во секој сегмент, мора економскиот стандард да се подигне на многу повисоко ниво, доколку не сакаме 50% од граганите да бидат во, а другите 50 % надвор од границите на Македонија.Затоа треба да го убрзаме и сериозно да се посветиме на делот околу евроинтеграциите, да ги оставиме Косово и Босна и Херцеговина далеку зад нас, колку и да ни се тие интересни бизнис партнери.
И за крај ке завршам со една изрека што ја прочитав пред два дена во сосема поинаков текст со никаква допирна точкасо емиграцијата.
“Бегањето е одлика на оние кои не можат да се пронајдат себе си и мислат дека на некое друго место, кога ќе се обидат да заспијат, ќе можат да сонуваат“.
Дарко Пешевски, секретар на Унија на млади сили на ВМРО-НП