Влада: На 6 февруари амбасадорите на земјите членки на НАТО ќе дадат согласност за членство на нашата земја

Од:

„Согласно утврдената постапка за прием на нови членки во НАТО, како и според чекорите што произлегуваат од Договорот од Преспа, во среда, на 6 јануари, амбасадорите на земјите членки на НАТО во Северно-атлантскиот совет, ќе го потпишат Протоколот за пристапување во членство на нашата земја во НАТО, со новото уставно име Република Северна Македонија.

Со овој чин, 29-те земји членки ќе ја изразат својата согласност нашата земја да станеме дел од системот и процедурите на НАТО, и учествува во работата на телата на алијансата како поканета земја членка, без право на глас.

Веднаш по согласноста за Протоколот за пристапување во членство на нашата земја во НАТО, ќе започне и почнува процесот на негова ратификација во парламентите на секоја од земјите членки на алијансата. Грција прва ќе го ратификува Протоколот, по што Договорот од Преспа стапува на сила и уставните амандмани влегуваат во сила.

Откако ќе заврши процесот на ратификација на Протоколот во сите 29 земји членки, нашата земја, со новото уставно име, ќе стане полноправна членка на НАТО со право на глас за сите одлуки на сојузот“, се вели во соопштението од Владата на РМ.

Би можело да ве интересира

Трамп ги нарече сојузниците на НАТО кукавици: Се жалат на цените на нафтата, но не сакаат да помогнат

Предраг Петровиќ

Захарова: НАТО е заинтересиран само за едно нешто – да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија

Руте: Членките на НАТО ја поддржуваат војната на Трамп против Иран

Иранска балистичка ракета лансирана кон Турција соборена од воздушната одбрана на НАТО

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

Руте: НАТО не е вклучен во последните случувања на Блискиот Исток, но ќе го одбрани секој дел од својата територија