Влада: Македонија во Брисел го почнува процесот на скрининг

Од:

Согласно денешната агенда на владината делегација попладнето во Брисел започнува состанокот за отпочнување со скрининг процесот. На овој состанокот за скрининг воведно обраќање и образложување на позициите на државата ќе има заменик на претседателот на Владата за европски прашања – Бојан Маричиќ, а збор ќе земе и министерот за надворешни работи Бујар Османи информираа од прес службата на Владата.

Скринингот ќе се состои од две под-фази односно процеси. Едниот од процесите е објаснувачки скрининг на кој Европската Комисија ќе направи ажурирање на релевантното право на ЕУ со оглед на тоа што се поминати неколку години од одржувањето на првичните објаснувачките состаноци, а истовремено на овој ќе тече и уште н еден со процесот на билатерален скрининг.

Преку билатералниот процес земјата ќе треба да го презентира степенот на усогласеност со правото на ЕУ и плановите за понатамошно усогласување, градење на институционалните и административните капацитети, како и потребните човечки, финансиски и ИТ ресурси за спроведување на европските стандарди.

Овие процеси ќе се спроведуваат во период кој би траел најмалку една година и согласно новата Методологија на ниво на кластери.

Календарот за спроведување на скринингот ќе се дефинира во соработка со Европската Комисија.

Би можело да ве интересира

Украина и Молдавија ќе почнат преговори пред Македонија: „Проширувањето на ЕУ е секогаш политичка одлука“

Орце Костов

(ВИДЕО) Денков: Бугарија нема да го смени ставот кон Македонија, сега преговорите се помеѓу ЕУ и Скопје

Орце Костов

Хакер: Влезот на Северна Македонија во ЕУ е во интерес на Германија и на Унијата

Ана Ололовска

Сослушување во американскиот Сенат за влезот на С. Македонија во ЕУ, и за Западен Балкан

Ана Ололовска

Вархеји оптимист во однос на можноста за членство во ЕУ до 2030

Ана Ололовска

Вицепремиерот Маричиќ во Брисел на првиот билатерален скрининг состанок

Ана Ололовска