Влада: Бугарија го потврди ветото, изневерeни се очекувањата на нашите граѓани поттикнувани и охрабрувани од ЕУ

Од:

Изневерени се оправданите очекувања на нашите граѓани, поттикнувани и охрабрувани од ЕУ и од земјите членки. Разнишана е довербата на голем дел од граѓаните на сите држави од Западен Балкан. Оваа грешка е мотивација за уште посериозна продирање на интересите на трети страни во срцето на Европа – порачуваат вечерва од Владата.

Барањата на Република Бугарија не се изненадување, но нивната упорност на стојалишта кои немаат ништо заедничко со стратешки важното прашање за проширувањето на ЕУ, нема да ги променат нашите ставови дека за идентитетските прашања нема преговори.

Остануваме посветени на дијалогот со Софија и барање взаемно прифатливо решение. Подготвени сме да разјасниме одредени дилеми доколку има потреба за тоа, но нашите позиции се познати и јавно потврдени: Ние сме Македонци кои зборуваат македонски јазик. За македонскиот идентитет не се разговара и не се преговара.

Договорот со Бугарија е добар и нема потреба од нов договор или анекс на договор. Спремни сме за поактивна имплементација на договорот. Имаме дадено предлог акциски план за проекти меѓу двете држави кои можат да ја унапредат соработката во различни области (економија, инфраструктура, култура, образование, и друго).

Секогаш ќе се бориме против говор на омраза. Провокации не се во интерес на никого и мораме да одржуваме цивилизиран и европски дијалог на сите нивоа. Да не влегуваме во круг на навреди, обвинувања и говор на омраза, кои нема да донесат ништо добро за никого, а најмалку за македонскиот и за бугарскиот народ.

Без разлика што ЕУ испраќа лош сигнал за вредноста на нашите домашни реформи и покажани резултати во процесот на интеграција во ЕУ за кои од Брисел стигнуваа признанија, Владата на Северна Македонија останува посветена на истиот стратешки колосек како и до сега. Нема отстапување од стремежот за остварување на стратешките цели кои се поставени едногласно и кои секогаш уживале широка поддршка: Постигнување и одржување на добрососедски односи, активно учество во НАТО како рамноправна членка на Алијансата и непоколеблива аспирација за членство во ЕУ.

Дома нема да дозволиме неуспехот на ЕУ со неодобрување на преговарачката рамка, да предизвика застој на внатрешните реформи. Напротив, ќе го засилиме темпото и ќе ја зголемиме предноста што ја имаме во регионот. Со уште повеќе верба, посветеност и единство, ќе се посветиме на градењето европски стандарди дома.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ