Вкупно 14.921 лице извршиле увид во избирачкиот список

Од:

Вкупно 14.921 лица извршиле увид во избирачкиот список, заклучно со вчера до кога беше рокот за проверка, информираат денеска од Државната изборна комисија.

– Во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, вкупно 14.921 лица се провериле во избирачкиот список, поднесени се вкупно 281 барања за запишување во избирачкиот список, 99 барање за бришење на податоците од избирачкиот список и 74 барања за измена на податоците во избирачкиот список, се вели во соопштението од ДИК.

До Државната изборна комисија, исто така, на е-маил адресата [email protected] се поднесени вкупно 114 барања.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште