Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Општина Карпош изминатите четири години целосно уназадува. Наместо реализација на проекти и подобрување на квалитетот на живот, во Карпош владее безредие и хаос. Затоа на Карпош и карпошани им треба човек кој има план, визија, стратегија за работа, проекти и мерки за сите граѓани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Човек кој ќе се однесува домаќински со општинските пари и ќе ги решава проблемите на карпошани и ќе ги слуша нивните барања. Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски кој ќе се залага да го врати сјајот и ќе ја направи Карпош зелена, чиста и модерна општина.

Во својата програма Лукровски ветува нова рекреативна зона – „Карпош хајкинг делта“, со пешачки и вело-патеки, летниковци и пошумување со 10.000 нови садници. На површина од половина милион квадратни метри ќе се изгради мега-забавен парк 1020, со најсовремен спортски центар, картинг-патека и комплекс за мини голф покрај Лепенец. Тоа ќе биде простор за спорт, адреналин и рекреација, отворен за сите генерации, но и ново обележје што ќе го стави Карпош на мапата на модерните општини.

За да се реши сообраќајниот хаос и метеж низ општината ќе се изградат 600 нови паркинг места. Дигитална Општина – нова апликација „МОЈ Карпош“ каде што граѓаните во секое место ќе можат да алармираат за одреден пропуст, а надлежните веднаш ќе излезат на терен. За најмалите ќе се изгради нова детска градинка, а постоечките ќе се прошират. Исто така ќе се обезбедат субвенции за целосна реконструкција на фасадите со што ќе постигне поголема енергетска ефикасност, пониски сметки за греење и ладење и поубава урбана слика за Карпош. Ќе се изградат и два нови затворени училишни базени во Општина Карпош каде што децата ќе можат да пливаат и да се рекреираат. Вие граѓаните одлучувате дали работите ќе се променат на подобро или Карпош ќе продолжи да тоне во ѓубре и смет. Промените се во вашите раце, затоа ги повикуваме карпошани на 19 октомври да излезат и да гласаат за вистинскиот избор, за твојот човек, за твоето место, за твојата иднина, Сотир Лукровски и советничката листа предводена од ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

Две лица од Турција осомничени за обид за убиство во Скопје, се трага по третиот осомничен

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он