„Вистината за ДУИ“ – Таравари: Градежното земјиште го продале за смешни цени

Од:

Во рамките на кампањата „Вистината за ДУИ”, градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, на прес конференција презентираше дел од злоупотребите кои се направени во областа на урбанизмот во текот на мандатот 2013-2017 година во општина Гостивар.

„Првиот случај се однесува на продажба на градежно земјиште во сопственост на општина Гостивар, кај градската индустриска зона, на излез од Гостивар кон Тетово. Продажбата на градежно земјиште е направено за смешни цени од 211, 500, 550 и 1.600 денари за метар квадратен. Замислетеза 3,50 евра (211 денари) за метар квадратен градежно земјиште, пријателот на шефот на кабинетот на поранешниот градоначалник Невзат Бејта, станал сопственик на градежно земјиште со површина од 7.559м2. За 500 денари по квадратен метар. лице исто така близок со поранешниот градоначалник на Гостивар, станал сопственик на градежното земјиште со површина од 2178.3m2. За 550 денари по квадратен метар, близок човек на поранешниот градоначалник, станал сопственик на градежно земјиште со површина од 1940м2. А по цена од 1600 денари за метар квадратен, што е сепак помалку од половина од реална цена за таа зона, продaдeнaе и парцела со површина од 3533м2“, истакна Таравари.

Како друг, исто така, скандалозен случај, Таравари го наведе изработувањето на проекти од страна на Проектантски бироа, каде што над половина од проектитње за станбени згради ги изработиле само од три проектантски бироа,абројот на вакви бироа во Гостивар е многу голем.

„Конкретно, од вкупно 46 колективни згради, едно Биро за проектирање многу блиско до поранешниот шеф на урбанизам има изработено 16 такви, со вкупна вредност од 329.732 евра. Едно друго биро за проектирање, за 6 изработени проекти обезбедила средства во износ од 179.334 евра. Додека една друга фирма изработилапроекти за 3 колективни остварувајќи приходи во висина од 103.368 евра. Имајќи предвид дека ова е само еден дел од направените злоупотреби во сферата на урбанизмот, секој коментар е одвишен“,м истакна градоначалникот.

Тој на новинарите им ги презентираше и документите кои го потврдуваат наведеното, како и ги запозна нив дека во врска со злоупотребите во областа на урбанизмот ќе се организираат и други прес конференции.

За наредната прес конференција, Таравари најави дека таа ќе биде посветена на злоупотребите во областа финансии, односно на луксузот кој го правел поранешниот градоначалник со пари на граѓаните.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсени се двајца полицајци за грабежот на златарница во Гостивар, се трага и по други лица

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Адеми: Испишана е историја, во Општина Чашка ќе имаме градоначалник од Националната алијанса за интеграција

Горан Наумовски

Адеми: НАИ победи во прв круг во две општини Липково и Пласница

Адеми: Oвие избори ги сметаме за слободни, фер и демократски

Бајрам Реџепи: Тетово треба да биде инклузивна и отворена општина

А1он