Високи претставници од Брисел на гости кај Ахмети и Тачи

Од:

Директорот на Директоратот за Западен Балкан во Советот на Европа, Јонас Јонсон и заменик-директорот, Теркел Петерсен, попладнево ги посетија партиските седишта на ДУИ и ДПА.

Со лидерите на двете партии претставниците на ЕУ разменија мислење околу актуелните политички теми во земјава, стабилноста и безбедноста во регионот и евроинтегративниот процес на Република Македонија.

За време на средбата Ахмети истакна дека регионот има потреба од одржливи политики, дијалог, компромис и помирување. Тој додаде дека кога бил пред раскрсница да избере меѓу поделба на земјата и интеграција, тој го избрал потешкиот пат, со цел да се издигне заедничка држава на еднакви заедници, но истовремено и интегрирана во НАТО и во ЕУ.

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи истакна дека годинава од Европската комисија не очекува позитивен извештај за напредокот на Македонија.

„Со жалење констатиравме дека Македонија оди чекор наназад во споредба со другите земји. Јас ги убдеив оти ние многу конструктивно и претпазливо се однесуваме во овие моменти, но,за жал,од страна на Владата не гледаме никаква волја да го поправат овој процес. Извештајот од Европската комисија кон средината на наредниот месец го очекуваме без надежи“, рече Тачи.

Претставницитена ЕУ нагласија дека агендата на Брисел за регионот е охрабрувачка, што ги вклучува и односите меѓу Косово и Србија, напредокот на Албанија и Црна Гора, како и политичкиот дијалог во Босна.

За време на средбата Ахмети побара директен ангажман од Европската Унија во решавањето на прашањето со името, потенцирајќи дека спорот не е билатерален проблем, туку бара максимална ангажираност на меѓународната заедница, по примерот на Косово и Србија.

Г.М.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ