Вишо обвинителство бара Мијалков да се ослободи за „Тортура“ – жалбата на колегите од ОЈО да се одбие

Од:

Вишото јавно обвинителство од Скопје бара од Апелација да ја отфрли жалбата на колегите од Основното јавно обвинителство и да ја потврди ослободителната пресуда за Мијалков и Алфите обвинети во предметот „Тортура“ за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, при апсењето на Љубе Бошкоски.

Мијалков и Алфите добија ослободителни пресуди од првостепениот суд со образложение дека обвинителот Љубомир Лапе не докажал надвор од основано сомнение дека тие се виновни за делото. На пресудата жалба до Апелација поднесе обвинителот Лапе, по што било побарано мислење и под повисокото обвинителство.

Како што за А1он потврдија од обвинителството, од страна на Вишото јавно обвинителство било испратено официјално мислење до Апелација, кое директно оди против колегите од Основното обвинителство, односно се бара нивната жалба да се одбие како неоснована.

„По приемот на предметот „Тортура“, Вишото јавно обвинителство Скопје, согласно законските надлежности, по проучувањето на списите, го достави предметот до Апелациониот суд Скопје на надлежно постапување со предлог жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје да се одбие како неоснована.“ велат од обвинителството за А1он.

Апелација сега на маса ги има двете спротивни мислења од обвинителите. Обвинителот Лапе кој се жали на ослободителната пресуда и колегите од Вишо ЈО кој бараат таа да се потврди. Апелација има дискреционо право да одлучи кое мислење ќе го прифати.

Предметот „Тортура“се однесуваше на начинот на кој беше уапсен лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски на 6 јуни 2011 година, ден по тогашните парламентарни избори. А на обвинителна клупа беа ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот командант на полициската единица „Алфа“, Ивица Анчевски – Пуки и петмината „алфи“: Новица Станковски, Петар Милошевски, Филип Атанасов, Јован Боцевски и Метуш Шабани,

Судечкиот совет на чело со судијката Александра Ристеска изрече ослободителна пресуда бидејќи како што стои во пресудата обвинителот Љубомир Лапе не докажал надвор од основано сомнение дека тие се виновни за делот мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување.

 

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Кривична за судијата Ѓоко Ристов за „противправно стекнување и прикривање имот“ и за „перење пари“

А1он

Судскиот совет одлучува за одземање на имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

А1он

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ