Викендов во Скопје 21 сообраќајка, санкционирани 148 возачи за брзо возење

Од:

Пешак загинал, едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а 13 лица се полесно повредени во вкупно 21 сообраќајка случени во текот на изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје. Во 10 сообраќајки била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Санкционирани се 148 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, 16 возачи поминале на крстосница на црвено светло, шест возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца возачи за неправилно престројување, тројца возачи за неправилно престигнување, двајца возачи не дале пренство на минување на возила во зона на крстосница, седум за не поседување зимска опрема во возилата, 17 возачи за не носење сигурносен појас и 23 возачи користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Од сообраќај биле исклучени 42 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 45 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и 15 возачи почетници, како и едно технички неисправно возило и 25 нерегистрирани возила.

Затекнати биле 276 непрописно паркирани возила, а со специјалното возило пајак биле отстранети 183 возила.

 

 

Би можело да ве интересира

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини