Викендов постудено и пообилни врнежи од дожд и снег

Од:

Под влијание на влажна и постудена воздушна маса за време на викендот ќе има врнежи од дожд, а на повисоките места и планините врнежите ќе бидат од снег.

Од УХМР најавуваат дека пообилни врнежи ќе има во јужните и југозападните делови, особено во сабота. Вкупната количина на наврнат воден талог во овие делови се очекува да надмине 30 л/м2.

Границата на снежните врнежи ќе биде пониска во недела и ќе се спушти до околу 800 метри надморска височина.

На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините во западните и јужните делови позначително ќе се зголеми.

Во Скопската котлина врнежите ќе бидат од дожд со слаб до умерен интензитет и се очекува да наврнат околу 10 л/м2.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски