Викендот потопло, од понеделник повторно снег и студ

Од:

Затоплување и дневни температури до 11 степени Целзиусови, најавува за претстојниот викенд Управата за хидрометеоролошки работи.

Под влијание на јужно воздушно струење, времето во Македонија утре ќе биде сончево со умерена, а кон крајот на денот и значителна облачност. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд на повисоките планини од снег.

Утринската температура ќе се движи од минус осум до минус еден, а дневната од два до девет степени. Во Скопје слично време, со температура до три степени.

Во недела времето ќе биде променливо облачно, кон крајот на денот со локален дожд. Утринската температура ќе се движи од минус два до три, а дневната од три до 11 степени.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска