Вигенин: Договорот за добрососедство е заеднички интерес

Од:

Бугарскиот министер за надворешни работи Кристијан Вигенин изјави дека е оптимист оти во блиска иднина ќе биде постигнат сериозен напредок во врска со договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија.

Во интервју за Бугарското национално радио, Вигенин рече дека проблемите со Македонија на прв поглед изгледаат сложени, но можат да се решат и тоа би било во интерес и на двете земји.

– Процесот на преговори со Македонија продолжува во максимално отворен дух, а дали ќе успееме многу бргу да стигнеме до заемно прифатливи решенија во многу ќе зависи од добрата волја на македонската страна, изјави шефот на бугарската дипломатија.

Според него, Бугарија веќе искажала подготвеност за компромис, а тоа, како што вели, го очекува и од македонската страна.

Кристијан Вигенин уверува дека договорот за добрососедство е заеднички интерес, ќе ги штити бугарските интереси и ќе биде сигурна основа за европски односи базирани на добрососедството.

За договорот за добрососедство, бугарскиот министер за надворешни работи минатата недела во Брисел разговараше со еврокомесарот за проширување Штефан Филе. Во пресрет на објавувањето на новиот извештај на ЕК за Македонија на 16 октомври, бугарските медиуми пренесуваат дека Софија инсистира на склучување на договорот пред евентуалната одлука за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се степаа пратениците во бугарскиот парламент

Софија ја поддржа позицијата на Италија, Белгија и Малта за замрзнатите руски средства

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Радев очекува побрза ЕУ интеграција на Македонија одма после уставните измени

Мицкоски: Потребни се гаранции од ЕУ – секоја отстапка донесе нов услов

Ескалација на протестите во Бугарија, демонстрантите предизвикуваа тензии на улиците