Ај си реков пред да заминам да се подружам со мојот најверен пријател. Кој?! Како кој!!!????
Па Мајло, кој друг. И решивме, и покрај јакото сонце да поминеме низ центаро на Прилеп оти тој ни е најличен, најџиџан.
Прво што ми падна в очи беа празните бандери, без знамиња! Си реков, Марин си го утнал денот и нормално за да си докажам дека сум го утнал, го зедов неортопедското спомагало, мобилниот. Кога гледам, не ми се верува.
Гледам во мобилниот, гледам во бандерите и пак не ми се верува. Патем прашав шо ден е денеска еден човек, а тој изненаден се разгорачи и дрско ми одговори: ЕБАВЕ КОМУЊАРИТЕ НЕ СИ ГО ЗНАЈТЕ ДЕНО, НЕ СИ ГО ЗНАЈТЕ ПРАЗНИКО. Аааааааа така ли! Е кога ми зовре крвта и ко му се сипав: А БЕ пАТРИОТ ЕДЕН, СТОКО ЕДНА НЕДОДЕЛКАНА, АМИ АКО Е ПРАЗНИК КАЈ ВИ СЕ ЗНАМИЊАТА, КАЈ ВИ Е МУЗИКАТА, КАЈ ВИ Е СВЕЧЕНАТА АТМОСФЕРА. СТОКО ЕДНА пАТРИОТСКА ВО НЕКОИ ДРУГИ ВРЕМИЊА, ВО НЕКОЈА ДРУГА ДРЖАВА ОБА БЕШЕ ДРЖАВЕН ПРАЗНИК И СЕ СЛАВЕШЕ ОД ГЕВГЕЛИЈА ДО СЕЖАНА?! Нормално не знаеше шо да ми одговори освен нједноставното: ЕБАВЕ ТО КОМУЊАРИТЕ ЗА СИТНИЦИ СЕ ФАЈЧАТЕ. А БЕ ЕЕЕЕЕЈ, ПОЈДИ КРУШЕВО, ЕНЕ ОНДЕ КАЈ РЕКЛАМИТЕ С АВТОБУСИТЕ, БЕСПЛАТНИ, ПА ДА ВИДИШ ШО Е ПРОСЛАВА.
Ааааааа значи бесплатни автобуси! Ами ако беа *ПЛАТНИ* че одевте, ебати опинокот, ебати. Или…………. да бе па вие сте ПЛАТЕНИ ПАТРИОТИ. Вие своето *патриотско чувство* само за пари го покажувате. А има ли дневница, сендвич, сокче, а?
Ееееее Македонио, Недојдијо до кое дереџе дојде! За дневници, сендвичи да те бранат.
А не сум свесен дека и јас учествувам во тоа. Како? Па со мои пари купуваат нафта, сендвичи……….. ако, ако, трај си народецу македонски. Кубуро? Ами за зло време, за шо друго.
Ееееее Дедо ми Шакир Војводо за ваква ли Македонија акаше по то планињето?
Еееееее море Татко ми Бабиќ, па ти бе, па ти………..за ваква држава умре со шрапнели во главата?
П.С
Повторно му се извинувам на Дарко Конески-Парастосо шо че му се замешам во комуникацијата со Марјан Хилта.
Г-дине Хилто оти нема знамиња по бадерине прилепски? Зато шо не е 23.10 а? Или не ви требаат знамиња оти тие гласој не носат?! Е да во право си. Знамињата не, ама сендвичите, дневниците носат.
Ај, аирлија нека ни е Недојдијава.
Марин Бабиќ