(ВИДЕО)СДСМ: Парите од Тркалото на лудоста да се дадат на настраданите и оставки на Трајановски и Трајковски

Од:

Дарио Николовски, советник и координатор на советничката група на СДСМ во Гази Баба изјави дека бараат оставки од Коце Трајановски и Тони Трајковски за трагедијата со катастрофални последици.

Еве ја изјавата на Николовски:

Социјадемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата, заедно со граѓаните на Гази Баба бараат оставки од Коце Трајановски и Тони Трајковски за трагедијата со катастрофални последици што му се случи на Скопје.

Жртвите од 6 август се директна последица на:

Непреземање мерки за заштита пред поплавите и недостаток на инвестициии во инфраструктура;

Целосно погрешното дејствување за време на поплавата;

Тоталната неспособност за справување со последиците по поплавата.

Потребна итна пренамена на милионите евра од Тркалото на лудоста и од другите луди проекти на Никола Груевски за да може да се справи со последиците и нормализирање на животот во погодените подрачја.

Бараме соодветна парична помош за настраданите за да може да се создадат минимални услови за живот. На семејствата им требаат пари итно. Им треба чиста вода, храна, облека, училишен прибор за децата, основни работи.

Бараме парите од Тркалото на лудоста веднаш да се пренаменат за итна помош на настраданите, во вредност од 90 илјади денари по домаќинство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар