ВИДЕО: Демонстрантите се упатија накај седиштето на СДСМ

Од:

Неколку стотини луѓе кои се одзваа на повикот за протест како израз на револт поради соработката со странски служби, по нивното собирање во Жена парк се упатија накај седиштето на СДСМ.

Никој од присутните не сакаше да говори јавно, но дел од нив кажаа дека биле повикани да се појават во Жена парка дел отворено кажаа дека се членови на ВМРО-ДПМНЕ.

А1он има информации дека групи на луѓе организирано и од други локации се упатиле накај седиштето на СДСМ.

-Ова што денеска ни беше обелоденето е жив срам за нашата држава и за нашата нција! Очигледно е дека самите од себе си патиме и дека треба конечно да се стави крај на работењето против нашиот народ, против нашата татковина. Неколку пати ја продадоа Македонија, името и го сменија, знамето и го сменија, а еве сега и сакаат да не продадат на странски служби. Ние сме МАКЕДОНЦИ и треба да си ја чуваме нашата МАКЕДОНИЈА!

20150131_1739101116

Да се собереме спонтано и да го искажеме нашиот револт кон ваквото однесување! АЈДЕ МАКЕДОНЦИ – ТАТКОВИНАТА Е ВО ПРАШАЊЕ ! ДА СТАВИМЕ КРАЈ НА РАБОТАТА НА ПРЕДАВНИЦИТЕ! ТИЕ СОРАБОТУВААТ СО СТРАНСКИ РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ! НЕ СМЕЕМЕ ДА ИМ ПРОСТИМЕ НА КОДОШИТЕ И ШПИУНИТЕ, стоеше во повикот на Фејбук.

20150131_173843

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија