Стојанче Ангелов не успеа да се сретне со јавниот обвинител Марко Зврлевски. Иако тој денеска лично отиде до обвинителство и побара да биде примен на разговор, службите му одговорија дека обвинителот веќе има договорени работни обврски и нема време за средба. Ангелов барал средба за да побара од Зврелвски оставка но и да му посочи дека не смее да замижи пред материјалите кои ги презентира СДСМ.
Ангелов сакал директно да се информира од Зврлевски дали постои одлука за забрана за пуштање во етер на прес конференциите на СДСМ бидејќи на официјалната страна на ЈО не постоела таква информација.
Ангелов на средбата ќе побарал и информација од Зврлевски по кој закон забранил објавување на прислушуваните разговори кои ги презентира опозицијата но и дали постапил и повел постапка против оние медиуми кои ги објавуваат прес конференциите на Зоран Заев.
„Баравме средба со нелегитмниот обвинител но тој не прифати средба и се крие од нас. На таа средба сакавме да го предупредиме дека со не преземањето на дејствија против сторители на тешки кривични дела од областа на организираниот криминал кој што ги прави претседателот на владата и министри во владата може да сноси кривична одговорност за злоупотреба на службената положба и овластување дело со кое му се заканува повеќе годишна затворска казна затвор. Воедно сакавме во очи да му побараме оставка“, изјави Стојанче Ангелов.