Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски вели дека власта ќе направи се за да ја спречи работата на Специјалното јавно обвинителство.
Се со цел оние луѓе кои треба да бидат предмет на нејзина работа да се спасат за да не завршат во затвор.
„Ние не можеме да излеземе од оваа криза ако нема правна разрешница, а правна разрешница е тие што го сторија ова да завршат во затвор .Вистински датум за избори е кога ќе има вистински услови за фер и демократски избори. А тоа ќе биде кога ќе се прочисти избирачкиот список“, рече Жерновски.