(ВИДЕО) Жерновски по исказот: Извештаите за „Скопје 2014“ се конечно во вистински раце, очекувам правдата да биде задоволена

Од:

Веднаш по доаѓањето на функција градоначалник на општина Центар дадов налог да се изврши ревизија на проектот „Скопје 2014“. Добра вест е што денеска сме тука и што ревизорските извештаи кои се направени пред три години во врска со проектот конечно се во вистински раце, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски по исказот во Специјалното јавно обвинителство.

– Ревизорските извештаи уште пред три години беа предадени во јавното обвинителство, но имаме тригодишен молк од обвинителството кое што реши да ги стави длабоко во нивните фиоки и спречи вистината да излезе на виделина. Во овие извештаи е јасно обележано дека има низа незаконски постапки во проектот „Скопје 2014“. Проектот првично беше најавено дека ќе чини 80 милиони евра, но тој сега чини осум пати повеќе, односно 640 милиони евра, рече Жерновски.

Жерновски истакна дека во СЈО ги доставил извештаите кои се изработени по барање на општината и додаде дека очекува правдата конечно да биде задоволена. Тој не даде подетални информации во врска со исказот бидејќи се работи за предистражна постапка.

Според него, кризата во Македонија ќе продолжи се додека нема правна разрешница и оние кои го сториле криминалот на одговараат за истиот.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски