(ВИДЕО) Жерновски: Нема хајка кон Панчевски, има нелегално дограден објект кој треба да се руши

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски доставил барање за понуда до фирмата која треба да го руши нелегално доградениот објект на претседателот на Основен суд, Владимир Панчевски, информираше раководителот на Сектор за инспекциски служби при општина Центар, Кочо Стојчески.

– Станува збор за Анизор ДООЕЛ Скопје, фирмата која ја имаме и во рамковната спогодба. Кога ќе го добиеме одговорот потпишан од градоначалникот треба да обезбедиме полициско обезбедување и да се изврши уривање на објектот. Рушењето ќе се врши рачно затоа што станува збор за стара градба, рече Стојчески.

Градоначалникот Жерновски ги демантираше шпекулациите дека спроведува хајка против Панчевски.

– Сакам да ве уверам дека постапуваме како извршител бидејќи каде што ние како општина Центар гледаме дека има дивоградба. Не се работи за никаква хајка, се работи за почитување на основен принцип кој што го зацртавме откако дојдовме, рече Жерновски.

Би можело да ве интересира

Општина Центар најави нова дератизација, откако граѓаните се пожалија на наезда на глувци

Катерина Ѓуровски

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

(ВИДЕО) Жерновски: Патриотизмот веќе не му поминува на Мицкоски

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски не може да биде премиер на сите граѓани додека не нарекува „талог“

Жерновски: Кошта, Вајц и ЕУ ја потврдија реалноста што власта ја премолчува

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите