(ВИДЕО) Жерновски: Груевски сака нова ера ама старо судство

Од:

Груевски би влегол во новата ера, но со старото судство односно со неговото судство. Она што го најавив во неколку прилики е тоа што обрачот се стега. Денеска падна конечна одлука наредниот пат да започне главната расправа што значи повеќе нема бегање и тоа е добра вест, вели градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски по одложувањето на рочиштето за нападот во општина Центар.

За овој предмет Апелациониот суд ја прифати жалбата на СЈО прислушуваните материјали да бидат употребени како доказ во кривичната постапка против Никола Груевски и останатите обвинети.

– Јас и сите останати очекуваме поради правдата во Република Македонија да започне овој предмет и да заврши како што треба, а тоа е да бидат казнети сите кои го организираа нападот. Насилниците мора да одговараат и да завршат таму каде што им е местото, вели Жерновски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски не може да биде премиер на сите граѓани додека не нарекува „талог“

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството