(ВИДЕО) Веритас: Жерновски барај прошка од Господ

Од:

Здруженито Веритас протестираше против најавата за измена на Детално урбанистичкиот план на општина Центар со кое според нив би значело престанување на градежните работи и престанок на изградбата на Црквата Свети Елена и Константин во центарот на Скопје.

Тие посочија дека со ваквата одлука овој објект би бил прогласен за дивоградба, а Жерновски и Општината Центар немаат ниту законско а уште помалку морално право да се дрзнат да ја стопираат изградбата на Црквата која преставува Божји храм.

Тие бараа објаснување дали по донесувањето на ваквата одлука, планира уривање на до половина изградената Црква.

Жерновски за оваа ваша намера кај нас се јавија цела низа од неподелени чувства. Зарем до толку го мразите своето потекло, вредностите кои се учат од мали нозе? Како сакате да уривате нешто кое од сите страни на светот доаѓаат луѓе да го видат, рече Сузана Миновска од Веритас.

Господине Жерновски немојте да дозволите да ве проколнуваат, побарајте опрост за вас. На Господ му се мили сите покајници, и сигурна сум и дека вас ќе ви прости, рече Соња Зашовска.

Од Веритас повикаа утре протестот од пред црквата да се пресели пред Советот на општина Центар каде што за утре е најавена седницата. Црквата претходно беше најавена да се гради сред плоштад, меѓутоа по многуте негодувања и барањето да се изгради и џамија на плоштадот владата се откажа.

Намерата да се гради црква на плоштадот во склоп на проектот Скопје 2014 беше причина и за масовна тепачка во која противниците на планот беа физички нападнати од толпата која беше за црквата.

На денешниот протест според јавувања во А1он биле присутни вработени во неколку јавни скопски претпријатија.

Би можело да ве интересира

Заедно со Жерновски уште 14-мина земаат плата за непочнатиот клинички центар

Жерновски: Се врати ВМРО-МВРО, одговорност од Чулев

Ана Ололовска

Жерновски: Законот за ЈО, ветер во грб на патот кон ЕУ

Драган Поповски

Жерновски – Брнз: САД остануваат наш посветен сојузник на патот до полноправно членство во НАТО и ЕУ

Драган Поповски

(ВИДЕО) Трајковски: Се сомневаме дека Жерновски дал милион денари за СЈО кривично да не гони

Виктор Јованов

Жерновски се потпиша во книгата за жалост за смртта на Клаус Кинкел