Од почеток тврдевме дека не сме виновни за случајот „Сопот“, изјави обвинетиот Зенел Лаиќи, по соопштувањето на пресудата, со која кривичниот суд ги ослободува од обвинението. „Никој не ни веруваше дека не сме виновни. Бев во затвор 3 години и 6 месеци“, изјави Лаиќи. Тој рече дека постапката се води 15 години.
Адвокатот на дел од обвинетите Вулнет Пачуку рече дека за овој случај и времето поминато во затвор, ќе бараат отштета од државата. „Која е таа штета која што може да им ги надоместие поминатите години во затвор?“, праша адвокатот и потенцираше дека ќе го искористи правото што им го дава законот.
„Ќе побараме од Министерството за правда спогодбено решавање на овој спор“, изјави Пачуку по соопштувањето на пресудата.
В. Маглешов