Кандидатот на Движењето БЕСА за Градоначалник на Чаир, Зеќирија Ибрахими денеска на прес-конференција изјави дека во последните денови има напади врз неговата приватност врз неговиот персонален маил и Фејсбул профил.
Последователните напади врз мојата приватност веќе неколку денови продолжуваат од кукавичките шефови на кандидатот на СДСМ-ДУИ за општина Чаир, кои на најподмолен и најнизок начин и со напади од најнечовечките се трудат мојот персонален маил и фејсбук (facebook) да ги држат под контрола злоупотребувајќи секаков вид на законска и правна норма. Овие напади кои понекогаш доаѓат од самиот кандидат, а понекогаш и од неговите шефови, покажуваат само паника и страв која ги зафатила мизерниве, кои ја чувствуваат нашата победа во Чаир на 15 октомври, и одговорноста која треба да ја сносат за нивните деградирачки дела, рече Ибрахими.
Тој изјави дека сите обиди за повредување на неговата приватност биле пријавени во МВР и побара од органите што побрзо да го разгледаат случајот и да бидат казнети сторителите.
– Јас очекувам од тие што ја управуват државата, поточно актуелната власт, што сака да се етикетира како “реформаторска”, да го оправдува овој епитет, истотака ја повикувам и меѓународната заедница во Македонија да го евидентира овој случај и да го има предвид фактот кога овие бескрупулозни луѓе им кокетираат во канцелариите. Тука не е во прашање индивидуата Зеќирија Ибрахими, а помалку Движењето Беса, но на овој начин се ризикува приватноста на граѓаните и се стандардизира уценувањето, рече Ибрахими.
– Почитувани сограѓани, гледате ли колку се кукавици шефовите на мојот противкандидат? Исто како и во делата Орвел или како по примерот на нивниот идеолошки татко, Енвер Хоџа, ако денеска ја оцрнуваат мојата приватност од страв дека ќе ги губат изборите на 15 октомври, тие мислат де со леснотија можат да влезат во приватноста на секој граѓанин албанец. Ова не го направиле ниту Ранковиќ е ниту Милошевиќ, затоа нема да му го дозволиме ова на Заев и Али Ахмети. Затоа, „за стравот лек нема.“ Ако кандидатот на СДСМ-ДУИ сака победа со вакви средства, тој е за жалење. Срамота! Се гледаме на 15 октомври, кога со победата на Движењето БЕСА ќе се ослободи Чаир од овие прислушкувачи и шпиони на нашиот живот, и од урбаната мафија, корупцијата, криминалот и засекогаш шефовите на мојот противкандидат, ќе разберат дека албанците не прифаќаат импонирана волја, а најмалку кандидат “кукла”, заврши Ибрахими.