(ВИДЕО) Зеќири: Единствен излез се предвремени избори

Од:

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски треба да излезат од матрицата на Никола Груевски и јасно да кажат дали се за ЕУ и НАТО или се против, порача пратеникот од СДСМ, Мухамед Зеќири. Изборот е јасен, одлуката е: или ЕУ и НАТО или изолација и неизвесност, додаде тој.

„Ако се ЗА ЕУ и НАТО сега е моментот кога треба да се откажат од барањето амнестија за Никола Груевски и неговите соработници и да ги повикаат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја почитуваат волјата на граѓаните во Собранието.Никогаш претходно во последните 20 години ниту една полтичка идеја не добила толку голема поддршка од граѓаните. Над 600.000 граѓани упатија јасна порака дека се за иднина во ЕУ и НАТО“ исткна Зеќири.

Според него, сега е моментот, сите пратеници, особено пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, се должни да ја следат оваа јасно изразената волја на над 600.000 граѓани за членство во ЕУ и НАТО.

„Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои навистина се за НАТО и ЕУ мора да преземат одговорност во име на граѓаните кои ги избрале и да ги продолжат процесите во Собранието. Сите економски параметри прецизно покажуваат дека процесот на приближување до ЕУ и НАТО позитивно влијае врз економијата. Растат инвестициите, расте финансиската поддршка, се отвораат нови работни места“ нагласи Зеќири.

Затоа, како што рече, за иднината на Македонија најважно е да продолжи процесот на интеграција во ЕУ и НАТО. Тој вели дека ако Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, продолжат со измислувањето нови нелогични барања, јасно е дека сакаат да го блокираат патот на Македонија кон ЕУ и НАТО и да ја вратат земјата во изолација и неизвесност.

Во тој случај, потенцираше Зеќири, пради неодговороноста на раководството на ВМРО-ДПМНЕ единствен излез се предвремени избори организирани веднаш, за доброто на државата.

„Мицкоски нема да може да избега од волјата на граѓаните, Македонија ќе стане членка на ЕУ и НАТО и ќе ја обезбеди својата иднина“ заклучи Зеќири.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта