ВИДЕО: Запленети осум килограми хероин на ГП „Богородица“

Од:

На граничниот премин Богородица вчера се запленети осум килограми хероин, со што, како што соопшти МВР, е пресечен меѓународен канал од Турција до Македонија со крајна дестинација – западноевропските земји.

Запленетиот хероин  при продажба на домашниот нарко пазар на големо би достигнал цена од 160.000 евра, а надвор од Македонија над 250.000  евра.

Хероинот е пронајден  во возило „Пежо 307“ пријавено за влез во Македонија, со скопски регистерски таблички управувано од македонскиот државјанин Ќ.Л. (54).  Со него бил  Ф.Б. (36) кој пеш се обидел да  влезе во Македонија. При извршениот претрес во предниот дел на возилото во просторот за вентилација, во специјално изработен простор (бункер) пронајдени се 16 пакувања правоаголна форма обвиткани со жолта селотејп трака исполнети со непозната прашкаста материја.

Според сознанијата на МВР, Ќ.Л и Ф.Б  од лице од Македонија, чиј идентитет за сега не е утврден, при крајот на месецов биле ангажирани да извршат транспорт на  хероинот од Турција за Македонија. На 21 овој месец во 19:55 часот на ГП „Богородица” Ф.Б. со возилото Пежо 307 излегол од Македонија и се упатил во Турција. По претходно добиени инструкции од нарачателот од Македонија, Ф.Б. на 2 август. возилото го предал на турски државјанин член на криминалната група кој имал задача да го сокрие хероинот по што Ф.Б. го преземал возилото и од  Турција, преку Грција се упатил за Македонија каде бил пречекан од лицето Ќ.Л. кој вчера  во 16 часот на  ГП Богородица пеш ја поминал границата и го чекал во меѓуграничниот простор со Грција од каде го презел возилото за кое претходно имале изготвено полномошно за управување, се вели во соопштението од МВР.

Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења  при  МВР при вештачење утврдил дека се работи за 7, 978 килограми хероин со висок квалитет.

Секторот за недозволена трговија со дрога од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Велес во текот на денов ќе поднесена кривична пријава против Ќ.Л. и Ф.Б. двајцата од Скопје поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Лицата се лишени од слобода и по  целосно документирање на случајот заедно со кривичната пријава ќе бидат предадени  на судија на претходна постапка.  Во тек е преземање на конкретни мерки и активности за целосно расчистување и документирање на случајот.

Би можело да ве интересира

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Разбиена мрежа за дрога – повеќе од 100 уапсени во Украина, Полска и Молдавија

А1он