(ВИДЕО) Запленети 4,8 килограми злато при влез на „Богородица“

Од:

Царински службеници запленија 4,8 килограми златен накит со проценета вредност од 20,4 милиони денари, по контрола на автобус на граничниот премин Богородица при влез во државата.

„Царинските службеници на граничниот премин Богородица селектираа автобус кој сообраќал на линија Истанбул – Гостивар, при што е извршен детален претрес.
Во пределот за багаж е пронајдена црна торба, во која во 9 пакетчиња обвиткани со најлон е откриено злато со тежина од 4,8 килограми. Возачот кој првично изјавил дека нема ништо за пријавување по откривање на златото потврдил дека торбата е негова. Случајот е преземен од страна на инспекторите од Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги при што против возачот ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија. Златото согласно закон ќе биде предадено во Народна банка“, извести Царинската управа.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на Граничниот премин „Богородица“ од попладнево од 15 часот е нормализиран во двата правци

А1он

Повторно блокиран ГП „Богородица“, магла на планинските превои

Отворени за сообраќај „Меџитлија“ и „Богородица“ , магла на Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево

ВИДЕО: Повторно е блокиран преминот Богородица-Евзони, грчките земјоделци не се откажуваат

Блокиран преминот Богородица-Евзони, штрајкуваат грчките земјоделци

Македонија златните резерви ги чува на сигурно, во Велика Британија