А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Видео Македонија

ВИДЕО: Загадувањето ми ги исели децата, вели граѓанин, Макрадули ветува дека до 2024 ќе го решат проблемот

by А1он22/01/2020 - 20:4822/01/2020 - 22:51751
Share0

Да не постои ниту една државна институција која загадува воздух, оваа обврска ја преземаме да ја реализираме до 2024 година, рече заменикот министер за животна средина Јани Макрадули на трибината Агенда Воздух 20-24 која вечерва се одржa во Тетово.

Следете a1on на Instagram Instagram

На трибината учествуваа претставникот на движењето Еко Герила, Аријанит Џафери, претседателката на комисијата за заштита на животна средина на СДСМ Каја Шукова и професорот Дејан Мираковски. Тие ги споделија клучните проблеми и можни решенија за загадувањето, а еден од присутните во публиката се обрати со зборовите:

„Ние сме кривците, но Владата ги држи конците. Како се изгасна Југохром? Нема пречистителна станица, ете 800 луѓе се пратија дома. Едноставно не смее да има пардон. Сакате мртви луѓе да гледате по улици? Потребни се радикални мерки. Инспекторите за екологија никој не ги ферма. Дојдено ни е преку глава. Децата мои побегнаа од Македонија, не зашто немаа пари туку зашто не можеа да дишат“, рече тој.

Следете a1on на Youtube YouTube

Шукова на ова одговори дека мерките за намалување на загадувањето, меѓудругото предвидуваат воведување на 24 часовен инспекциски надзор на загадувачите и зајакнување на централниот инспекторат и на општинските инспекторати за животна средина. Како друга мерка Шукова ја наведе забраната за користење на нееколошки енергенси, пред се во јавните објекти, која е започната и мора да продолжи со поголеми финансиски средства. Овој процес ќе оди паралелно и во домаќинствата.

Макрадули се повика на „Планот за чист воздух“ и рече дека примерот по кој земјата го решава  проблемот не е нов.

„Земен e од развиените земји како Шведска, Данска, Велика Британија и други каде вродиле со позитивен резултат. Посветени сме на борбата за чист воздух и ќе продолжиме и натаму со силна решителност“, рече Макрадули.

Според Џафери, потребно е зајакнување и зголемување на капацитетите на Царинската управа со цел да се прави темелна проверка на отпадот кој влегува во нашата земја.

„Но, за одбрана на животната средина клучно е функционирањето на правната држава. За ова ни требаат храбри и одлучни политичари кои нема да се плашат да ги изгубат следните избори, туку ќе се плашат да не ги изгубат идните генерации“, рече тој.

aerozagaduvanjejani makradulisdsmzagaduvanje

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

Горан Наумовски08/05/2026 - 12:22

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

Катерина Ѓуровски07/05/2026 - 14:07

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

Катерина Ѓуровски06/05/2026 - 11:35

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Катерина Ѓуровски05/05/2026 - 11:31

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

Катерина Ѓуровски04/05/2026 - 11:48

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

Горан Наумовски03/05/2026 - 15:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто