И повторно Скопје е меѓу најзагадените градови во светот. Одеднаш се растрчаа сите да го решавале проблемот со загаденост на воздухот и по којзнае кој пат ќе правиме скапи студии да сме утврделе што загадува – а тоа го правиме 20 и кусур години и никако да мрднеме. Надлежните предлагаат алтернативи – пешачење, возење велосипед и користење јавен превоз за да сме го намалеле загадувањето.
Реално, никој не е растрчан или загрижен, само добро се глуми.
А дека загадениот воздух полека, но сигурно, нè убива – не е тајна. Во скопскиот воздух не се проблем само често споменуваните ПМ 10-честички, ретко или никој не споменува што сè друго дишеме. Јаглеродниот моноксид, азотниот диоксид, сулфурниот диоксид и оловото ја прават астмата потешка и честа, предизвикуваат рак на белите дробови и претставуваат водечки фактор за кардиопулмонална смрт.
Ништо не помага, дури ни чудесниот медицински јаглен во оваа ситуација е немоќен. Само едно нешто може да помогне – гледајте во анализата на „Скен“.