(ВИДЕО) Заев во Зрновци: За жал се уште и во 21 век луѓето имаат септички јами, недостига здрава вода за пиење и децата газат кал

Од:

Зрновци е една од најзапустените општини во Република Македонија. Тука, за жал се уште и во 21 век луѓето имаат септички јами, нема канализација, недостига здрава вода за пиење, децата на патот до училиште газат во кал, истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев пред жителите на општината Зрновци.

„Еве доаѓа зимата, многу деца одејќи на училишта одат со влажни алишта, седат во училници по цели денови, има грипови, настинки и навистина во 21 век ова е недозволиво“, потенцираше Заев.

Тој ги увери жителите на Зрновци дека преку капитални проекти за две години од мандатот на новиот градоначалник Ванчо Митев, општината ќе блесне.

„Прво ќе вбризгаме пари за да ја стабилизираме општината која е во долгови. Мораме да ја стабилизираме општината за да дадеме ветер во грб. Веднаш за водоводите и канализациите, преку Министерството за транспорт и врски ќе ги обезбедиме финансиските средства, да почне да се гради. Директно ќе помогнеме за комплетно поврзување на општина Зрновци и да ги реконструираме запустените улици, а ги има многу такви“, им вети Заев на насобраните жители на Зрновци.

Затоа, како што рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и Зрновци очекува да се вклучи во процесот на промени. Тој нагласи дека централната власт заедно со Парламентот, ќе ги насочи своите капацитети за развој, пред се, на руралните средини.

„Развиени општини значат и развиени градови. Затоа, во името на добрата иднина и за Зрновци и за Македонија, на 29 октомври ве повикувам да гласате. Знаете како, со пенкало. И во Зрновци да падне режимот. Да ги донесеме промените и тука, за живот за сите“, ги повика Заев граѓаните на Зрновци.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

(ВИДЕО) Филипче: Без спроведени реформи нема укинување на техничката влада

СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата